На некои луѓе не им стигаат палати, спортски коли, јахти и пари – на други им стигаат и две кутии бисквити

На некои луѓе не им стигаат палати, спортски коли, јахти и пари – на други им стигаат и две кутии бисквити.

Ја сретнав оваа баба во продавница. Ме замоли да и ги прочитам цените на бисквитите. Читам и и кажувам “1.30 лв“ и таа вели: „Многу ми е скапо. За колку грама е тоа?“.

Бараше бискивити под левче. Немала пари за повеќе. И се јадело слатко, но се одлучила да земе бисквити бидејќи се повеќе на грамажа. Ми стана тажно. Ја прашав и и понудив да и купам јас тоа што го сака таа. Таа откажа.

Ми ја покажа корпата. Си купила пиленце – ќе го јадела 3 дена. Мандарините како што ми објасни ги јадела за доручек. Наместо друго за доручек по 1 мандарина наутро, бидејќи и тие и биле скапи. Живеела со 300 лева пензија. Имала внуци, едниот од нив бил и инжинер, но ретко се гледале. Се обидувала да заштедува по 20 лева месечно за да му даде на малиот внук пари.

Кога го кажа тоа, ми стана уште потажно. Иако не сакаше сепак купив две кутии бисквити „Боровец“ и една голема кутија бонбони. Да си има.

Жената откажуваше со насолзени очи, велејќи дека не и било толку лошо. Гордоста не и дозволуваше. На крајот ја убедив.

Со солзи на очите ми се заблагодари и ми рече дека не така често младите прават такви добрини.

Колку малку му треба на човек нели? На некои луѓе не им стигаат палати, спортски коли, јахти и пари – цело време сакаат многу повеќе. На други им стигаат и две кутии бискивти. Шантав свет, жален свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *