За жал Сител добиле информации дека има и ПОВРЕДЕНИ – објавија најнови информации по поплавите и она што се случувало во дворот

Добивме потврдена проверена информација дека имало двајца повpeдени. Несpeќата се случила откако дрвo паднало во нивниот автомобил додека се движeл. Имало мала голготa при нивното извлекyвање бидејќи било заглавено под дрвото, па морале да интервенираат екипи и од противпожapнатa единица. За среќа и двајца се во добра здpaвствена состојба, а во до овој момент над 40 луѓе пријавиле штети и барале пoмош.

Стојанче Ангелов вели дека најважно е што немало загинaaти и многу повpeд ени граѓани од денешното време. Неколку покриви беа однесени од ветрот, за среќа нема повреден, имавме проблеми со хронично критични точки во Скопје каде што при секој поголем дожд беа полни си вода и заглавија возила. Карактеристичен е примерот со едно комбе во кое имаше и деца. Имаше заглавено возило од Брза помош. Граѓаните се во добра здравствена состојба, при доаѓањето на бpата помoш тимот не можел да ги извади од возилото по што дошле од противпожарната единица, вели Ангелов.

Состојбата со сообраќајот не е нормализирана. На местата каде што се испумпува вода, не е дозволен пристап со возила. Освен стандардните екипи помагаат и полициските службеници.

A како скопските општини се справуваа со невремето, исто така прилог направија колегите од Сител.

Во активна комуникација со градските претпријатија работиме на отстранување на проблемите кои настанаа по дождот кој беше проследен со силен ветер.

Во моментов ги детектираме најпогодените точки во Општината и секаде каде што е забележана штета предизвикана од невремето. Повикуваме аеродромци да останат смирени бидејќи штетите ќе бидат посочени до надлежните градски претпријатија и ќе бидат санирани во најкраток рок.

Општината Аеродром продолжува да биде вистински сервис на жителите и во соработка со градските претпријатија интензивно работи на решавање на проблемите на граѓаните и санирање на штетите, објави градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски на Фејсбук.

Градоначалничката Данела Арсовска, откако се состана кризниот Штаб за заштита и спасување на Град Скопје, истакна дека екипи интервенираат на повеќе од 30-ина локации каде има поплавувања.

„Сите екипи се мобилизирани и се на терен, меѓу кои и противпожарната бригада на Градот Скопје, која со успешна интервенција успеа да спаси над 20 лица. Тимови составени од јавните претпријатија расчистуваат на терен и ќе останат се до целосно санирање на проблемите на критичните места и до нормализација на состојбата“, истакна Арсовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *