Раката која што дава, не се суши. Таков веројатно е примерот со младиот газда на компанијата Микроелектроникс кој се занимава со извоз на електронски компоненти во повеќе од 140 земји.
Својот бизнис го започнал во својата гаража, а денес неговата компанија има вкупно 86 вработени. Тој е познат по тоа што е извонреден шеф и бизнисмен кој ги третира своите вработени со најголема важност.
Небојша во српските медиуми се прослави со удвојување на платите на своите вработени во текот на секоја наредна година.
Дополнително, за да ги стимулира работниците кои имаат семејство, им дава 200 евра за трето и 400 евра за четврто дете.
„Најважна е среќата на работниците! Ако се среќни, тоа значи дека компанијата добро ќе функционира.
Голем дел од нивната среќа зависи од семејните околности. Затоа решив да им дозволам зголемување на платата и дополнителни пари за секое дете што ќе се роди – вели г-дин Матиќ, кој во 2012 година беше добитник на наградата за претприемач на годината.
Шефот не застана само тука.
Нејзините работници не можат да се пофалат само дека им се зголемува годишната плата. Имено, тој веќе некое време практикува да им дава дополнителни бонуси за секоја нивна заслуга, што придонело за развојот на компанијата.