(ВИДЕО) „Нека се моли да не се сретнеме“ – Меси доби зaкани по живот поради овој потег во соблекувалната

Лионел Меси го сруши Мексико со својата нова магија и им донесе на Аргентинците злато вредни три бода на Мундијалот во Катар. Колку таа победа значеше за Аргентинците се виде по неверојатното славје во соблекувалната по мечот.

Но, на удар на јавност се најде токму Меси кој доби дури и закани од мексиканскиот боксер Саул Алварез, кој тврди дека Аргентинецот го понижил Мексико и нејзините симболи.

Според видео од славјето во соблекувалната на Аргентина, мексиканските медиуми го обвинија Леси дека намерно со дресот на Мексико, кој го разменил со еден од нивните репрезентативци по мечот, го бришел подот во соблекувалната и одел по него.

На видеото се гледа дека дресот на Мексико, кој Меси го разменил претходно, завршил на подот, па гласни беа критиките кон него во мексиканската јавност. Најгласен во обвинувањата беше боксерот Канело кој се одлучи да му се закани на Аргентинецот со порака дека „нема добро да си помине ако некогаш се сретнат некаде во животот“.

„Видов дека Меси го чистеше подот со нашиот дрес и знаме. Треба само да го моли Господ да не го пронајдам и никогаш во животот да не се сретнеме“ – му порача Канело на Твитер, и дополни:

„Како што јас многу ја почитувам Аргентина, тој така треба да го почитува Мексико. Не зборувам општо за сите Аргентинците, но само за ова ср.ње кое Меси го направи“.

Меси изјави дека ова Светско првенство ќе му биде последно.

“Ова сигурно ќе биде моето последно Светско првенство и мојата последна шанса да го остварам сонот што го има целата оваа репрезентација. Натпреварот се одржува во различно време од вообичаеното, по голем број натпревари. Но, секогаш е посебно да се игра на него. “, изјави Меси.

“Се надеваме дека ќе продолжиме да играме како што игравме досега. Очекуваме тежок натпревар против Саудиска Арабија бидејќи секогаш е така на отворањето на Светското првенство. Секој од нас мора да се бори со својата нервоза. Ако почнеме со победа, ќе бидеме посмирени во понатамошното натпреварување Имаме голема поддршка, тоа ме потсетува на 2014 година кога стигнавме до финалето“, изјави Меси

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *