ВИСТИНСКА ДРAМА НА КОНЦЕРТ НА ЛЕПА БРЕНА: Се онесвеcтија шест пензионери, еден прескокнал ограда и се качил на бина

ВИСТИНСКА ДРAМА НА КОНЦЕРТ НА ЛЕПА БРЕНА: Се онесвестија шест пензионери, еден прескокнал ограда и се качил на бина.

Фолк ѕвездата Лепа Брена, одржа два концерта во градот Неделишќе во Хрватска, кога уште еднаш покажа зошто сè уште е меѓу најпопуларните пејачи на подрачјето на поранешна Југославија. Таа одржа концерти во рамките на манифестацијата „Месап есен 2022“.

Многу различни генерации деца, тинејџери, родители, но и нивните баби и дедовци уживаа во нејзините хитови.

Според пишувањата на хрватските медиуми, на концертите на Брена присуствувале голем број пензионери, а на еден од нив реагирала итната помош. Имено, шестмина од нив паднале во несвест, додека еден пензионер ја прескокнал оградата и се качил на бината.

Обезбедувањето реагирало, но пејачката побарала да не го допираат, па тој останал на сцената и одблиску ја гледал Брена додека ги изведувала своите најголеми хитови.

Најголемата регионална ѕвезда Лепа Брена била најпосакувана девојка на крајот од 80-тите кога нејзиното срце го освои најпопуларниот југословенски тенисер Слободан Боба Живоиновиќ.

Никој не знаел што да се очекува од оваа љубов на две толку познати личности, кои поради природата на работата често биле на различни краеви од светот, но Брена и Боба наскоро докажале дека нивната љубов ги победува сите препреки.

Брена на нејзината свршувачка блескала во венчаница од модната куќа „Диор“, се служеле 650 јадења, торта имала на пет спрата, а се било попратено со одлично расположение и со песна, додека бидермаерот заврши во рацете на нејзината млада колешка.

Денес, 31 година подоцна Брена и Боба и понатаму се синоним за вистинска љубов во светот на познатите, а круната на нивната среќа се синовите Виктор и Стефан.

Според Брена најважните причини за успешен брак се искреноста, почитта и отвореноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *