(Видео) Членови на Левица руинираат кафуле во Ново Лисиче, а потоа се жалат дека се жртви

„Веќе неколку дена во очите на јавноста се случувањата поврзани со кафе Хелиум. Откако беа изнесени секакви невистини и на целосно неправаден начин се проба да се наруши реномето на овој локал и да се изнуди рекет од сопственикот од страната на членови на Левица Аеродром чиј фронтмен е советникот Дарко Масларковски, решив да напишам некој збор на оваа тема“, пишува Боемот.мк.

„Јас сум сопственик на кафулето „Хелиум“ во населбата Ново Лисиче, во кое веќе неколку години луѓе од сите генерации уживаат, се забавуваат и едноставно имаат „свое катче за уживање“ во Аеродром. Вложив многу труд, љубов и енергија да го претворам во катче кое ќе биде пристојно место за дружење.

Се потрудив да го уредам современо, а многу енергија потрошив во изнаоѓањето тим од млади луѓе што посветено и со љубов ќе си ја работат својата работа, секогаш со насмевка на лицето, затоа што задоволните гости се нашиот врвен приоритет.

За жал и покрај мојата посветеност, моите лични инвестиции во локалот, но и во целата околина, во нови садници и хортикултурно уредување за поубав изглед на Ново Лисиче, пред неколку дена бев мета на обиди за изнуда и напади од страна на личности кои се политички активни.

Велам за жал, затоа што ниту сум член на која било политичка партија, не сакам да бидат инволиран во било каква политичка игра, а поседувам легален и чесен бизнис, кој уредно и навремено ги подмирува сите давачки кон надлежните институции и вработените.

Настанот се случи пред неколку дена кога со недолично и безобразно однесување, во локалот влегоа две лица. Од информациите кои стигнаа до мене, едниот од нив е советник во Советот на Општина Аеродром, кој заедно со брат му кој исто така е активист на политичка партија што е претставена во Советот на градот, почнаа вербално да се закануваат и да се обраќаат кон мене, персоналот и гостите.

Некултурниот и дрзок однос, директните напади и физичкиот напад кон мене и мојот локал, подоцна прерасна и во навpeда кон полициските службеници кои беа приморани да интервенираат против овие двајца наcлници.

Дополнително на тоа, згрозен сум и од целата хајка што се води против мене на социјалните мрежи од лица блиски до двајцата насилници, кои продолжија преку сопствените медиуми и социјалните мрежи да шират невистини за мене и мојот локал, како и зaкaни со бомби, палење на локалот и зборови кои никому не би посакал да се остварат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *