112 години од раѓањето на Мајка Тереза

Денеска се одбележуваат 112 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена на 26 август 1910 година на тогашната улица “Поп Кочина” број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија.

Гонџа е најмалото дете во семејството, имала постара сестра Ага и постар брат Лазар. Гонџа потекнува од добростоечко семејство и во него владеело правилото да се помогне на секој на кој му е потребна помош.

Конечната одлука да го напушти Скопје ја донела затоа што на 12 годишна возраст добила повик од Бога. По 6 години, таа конечно, го напушта родниот град. Заминува за Даблин, Ирска од железничката станица во Скопје. Заедно со мајката Драна и сестрата Ага заминуваат за Загреб, од каде, после две недели, Гонџа заминува за Ирска. Ова е последната нејзина средба со своите мајка и сестра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *