Спасовски со цвеќе и посака добродојде на Агелер: Благодарност за поддршката што Владата на САД години наназад и ја дава на Република Северна Македонија

Денеска остварив работна средба со новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Анџела Агелер, при што и посакав успех на функцијата, а воедно ја изразив и благодарноста за поддршката што Владата на САД години наназад и ја дава на Република Северна Македонија, конкретно на МВР во јакнење на капацитетите и сите процеси кои се спроведуваат преку проектите наменети за полицијата.

Како приоритети и цели на кои Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија е целосно фокусирано изминатиов период и во периодот што следи, ги посочив: борбата против организираниот криминал и корупција, компјутерскиот криминал, миграцијата и борба против тероризмот. Сите овие поставени цели на ниво на МВР успешно се спроведуваат и реализираат, а резултатите постигнати на тој план се на високо професионално ниво.

Заеднички констатиравме дека и во наредниов период ќе продолжиме да работиме на интензивирање на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Владата на САД преку Амбасадата на САД во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *